Барселона непоразена ќе замине од Андалузија, Баерн и ПСЖ се зицерите

Севилја – Барселона (16:15 часот)

Барса и Севилја се навикнаа еден на друг, веќе петти пат сезонава ќе ги мерат силите(два меча во шпанскиот Куп и еден во Суперкупот, како и еден првенствен меч). Севилја само еднаш успеа да се израдува, тоа беше точно пред 30 дена, на 23-ти јануари со 2-0 славеше во првиот Куп-натпревар, а потоа ја почувствува вистинската моќ на Меси и компанија, па примија шест гола на „Камп ноу“.

Избраниците на Ернесто Валверде овојпат не смеат да дозволат со пораз да се вратат од Андалузија, нови испуштени бодови може да ја вратат неизвесноста во трката за шампионската титула, иако Барса моментално има седум бода предност во однос на Атлетико Мадрид, односно девет во однос на Реал.

Предлог тип: X2 & ГГ (2.05)

 

Баерн Минхен – Херта (15:30 часот)

Три ремија во низа на Дортмунд и тоа како го врати Баерн во игра за врвот во Бундеслигата. Од сигурна предност наеднаш „баварците“ заостануваат само три бода, а против Херта ќе мора да запнат и да чекаат нов кикс на „милионерите“. Но, треба да се пазат, бидејќи Херта е тимот што им го нанесе првиот овосезонски пораз, а сите знаат колку незгодна може да биде екипата од Берлин.

Сепак, во овој век не се памети триумф на Херта на „Алијанц“ арена, а речиси е невозможно да се случи токму денес.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.25)

 

ПСЖ – Нимс (17 часот)

„Светците“ пред само три дена спакуваа пет гола во мрежата на Монпелје, а Тухел ќе нема ништо против ако неговите фудбалери го направат истото против Нимс.  Во првата меѓусебна пресметка сезонава, ПСЖ на гости славеше со 4-2, а сега иако во составот недостасуваат Кавани и Нејмар поради повреди, тука е Мбапе да ја преземе улогата на лидер. Во врвна форма игра и Ди Марија, што значи дека на Нимс ќе му биде потребно чудо за да се надева барем на бод.

Предлог тип: Т1 3-5 (2.05)

 

Торино – Аталанта (15 часот)

Првпат после четири години овие две екипи одиграа без голови на „Бергамо“, но кога играат во градот на „биковите“, Торино и Аталанта редовно  постигнуваат барем по еден гол. Слично се очекува и денес, а избраниците на Гасперини се фаворити само поради подобрата положба на табелата.

Торино три години чека триумф над Аталанта, но, посигурно е да се типува на голови.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

Лестер – Кристал палас (18:30 часот)

„Лисиците“ ќе играат за себе, но и за нивниот тренер Клод Пуел, на кого му се заканува отказ ако во најбрзо време неговата екипа не почне да реди добри резултати. Последен пат Лестер се радуваше во првиот ден од 2019 година, потоа нанижа четири порази и реми во шампионатот.

Против Кристал палас секогаш тешко им оди, „орлите“ имаат мини-серија од три последователни победи над шампионот од сезоната 2015/16, додека на последното гостување на „Киг Пауер“ беа убедливи со 3-0. Во случај на сличен исход и денес, Лестер многу веројатно ќе започне мисија во потрага за нов тренер.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести