Барселона успеа да обезбеди 1,45 милијарда евра од повеќе инвеститори за реновирање на стадионот „Камп ноу“,соопшти каталонскиот тим.
Парите се обезбедени од 20 инвеститори и дел од нив се „главни престижни финансиски ентитети во светот“, а управата соопшти и дека имотот на Барселона не е користен како гаранција за обезбедување на парите.
„Проектот е од суштинско значење кога станува збор за задржување на ФК Барселона на чело на светскиот спорт и исто така е еден од темелите за економското закрепнување на клубот и идната одржливост. Проектот е и алатка која овозможува продолжување на актуелниот модел на управување со повеќе 146.000 членови на клубот кои се негови сопственици“, стои во делот од соопштението.
Враќањето на заемите ќе биде во неколку различни рати кои ќе се плаќаат прогресивно во текот на пет, седум, девет, 20 и 24 години „грејс период“.
Првата рата би била отплатена откако ќе заврши реновинарањето на стадионот, чиј капацитет од 99.300 седишта ќе се зголеми на 105.000 седишта.