36.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Барселона објави нереална сума за продажба на Рафиња

Раководството на Барселона останува на својата позиција да го задржи Бразилецот Рафиња, освен ако не добие понуда од 90 милиони евра, соопштува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ и додава дека минатото лето каталонскиот клуб одбил 80 милиони евра за овој фудбалер.

Бразилскиот крилен напаѓач исто така не сака да го напушти клубот во тековниот трансфер период.

Рафиња има уште три години од договорот со каталонскиот гигант, но тешко ќе се избори за стартно место во тимот, имајќи ги предвид квалитетите што ги покажува Ламин Јамал, кој ќе наполни 17 години во јули, а во новата сезона ќе го носи и дресот со број „10“ кој многу години беше привилегија на Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести