Шефот на Истражниот суд во Барселона, Хоакин Агире, го обвини фудбалскиот клуб Барселона за мито и корупција во „случајот Негреира“.
Освен против поранешниот потпретседател на судиската комисија на Ла Лига, Хозе Марија Енрикес Негреира, и неговиот син, судијата Агире покрена обвиненија и против двајца поранешни претседатели на Барселона, Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу.
Истрагата која ја водеше шпанското обвинителство утврди дека Барселона на Негреира му исплатила 7,5 милиони евра за делегирање судии по мерка на тимот, лобирање кај судиите, ублажување на суспензиите и останатите казни, како и одржување тајни состаноци во корист на каталонскиот тим.
Според шпанските медиуми, засега не се очекуваат апсења, но доколку обвинетите бидат прогласени за виновни, тогаш се соочуваат со затворски казни.