Првиот голман и капитен на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, ќе оди на операција на грбот, потврдија од клубот.
Операцијата треба да биде извршена до крајот на неделава, по што ќе се знае колкава ќе биде паузата на Германецот. Во некои шпански медиуми најавуваат дека Тер Штеген ќе се врати на голот некаде во втората половина на јануари, па затоа и во Барса одлучиле да не купат нов голман и во следните еден до два месеци ќе брани Ињаки Пења, кој е прва резерва на Тер Штеген, а викендов имаше одлични одбрани против Атлетико.
Хроничните проблеми на Тер Штеген со долниот дел на грбот траат некое време и на крај одлучено е дека најдобра опција е операција.