Лионел Меси има микро-руптура на мускул во квадрицепсот на десната нога, потврдија од Барселона. За ваква повреда, паузата обично трае 7-10 дена, а бидејќи до дуелот на каталонците против Мајорка има уште осум дена, настапот на најдобриот фудбалер на светот на овој меч од Ла Лига против тимот на Алексанар Трајковски, е неизвесен.
Меси не тренира со остатокот од екипата на Барселона, туку работи физиотерапија. Повредата не му е сериозна, и веројатно нема да се ризикува со него против Мајорка на 13-ти јуни, ако не биде 100 проценти подготвен. Доколку до средината на следната недела Меси не се приклучи на нормалните тренинзи, веројатно нема да игра.