Барселона остана без Гриезман

Антоан Гриезман најверојатно ќе ги пропушти последните две кола во шпанското првенство откако утрово му е потврдена повреда квадрицепсот од десната нога.

Засега Гриезман не му е на располагање на Кике Сетјен, а во најскоро време ќе се потврди сериозноста на повредата и колку ќе му трае паузата, по деталните прегледи. Во зависност од повредата, ќе се знае дали Гриезман ќе биде во конкуренција за настап во реваншот против Наполи во ЛШ, кој е закажан за 8 август.

Францускиот офанзивец вчера го одигра само првото полувреме против Валјадолид пред да му го отстапи местото на Суарес, мечот во кој Барса славеше со минимални 1-0 и остана во трката за шампионската титула.

Како што стојат засега работите, Гриезман нема да игра против Осасуна и Алавес во 37-то, односно 38-то коло, мечеви кои се закажани на 16 и 19 јули.

 

- Оглас -

Најнови вести