Барселона остана без ниту еден централен дефанзивец за мечот против Осасуна

Барселона ќе мора да го одигра одложениот меч против Осасуна од Ла Лига во четврток, на 27-ми март. Иако двете екипи упатија жалба до Фудбалскиот сојуз на Шпанија, сепак натпреварот ќе се одигра во веќе закажаниот термин.

Ханси Флик за овој меч нема да може да смета на ниту еден централен дефанзивец и ќе биде на голема мака. Араухо има настап за селекцијата на Уругвај и нема да стигне за мечот, а Пау Кубарси се повреди на дуелот на Шпанија против Холандија. Од претходно повредени се Мартинес и Кристијансен.

Тоа би значело дека Германецот на клупата на „каталонците“ ќе мора да експериментира во дефанзивата или да извади на теренот комплетно офанзивна постава и да игра со максимата „да се постигне гол повеќе од тоа што ќе се прими“.

- Оглас -

Најнови вести