Барселона откако го продаде Нејмар потроши повеќе од пола милијарда евра за нови играчи

Барселона беше клуб кој со години се фалеше со својата младинска школа, од каде потекнаа голем број на одлични фудбалери. Каталонскиот гигант едноставно беше расадник за таленти, а најдобрите се промовираа во сениорскиот состав. Сепак, во последно време, популарната „Ла Масија“ едноставно како да не постои.

Нема нови таленти, а Барселона мора да троши многу пари за да доведе квалитетни играчи. Сѐ започна пред две години кога за рекордна сума од 220 милиони евра го продадоа Нејмар во Пари Сен Жермен. По таа продажба и добиените пари, каталонците се фокусираа на купување играчи.

Од продажбата на Нејмар, на „Камп Ноу“ дојдоа играчи за кои беа потрошени 533 милиони евра. Ова е неверојатно голема сума за нови играчи, ако се знае дека во периодот од 2013 година до 2017 година, Барселона не даде ниту едно евро за засилувања.

Во овој преоден рок, Барселона потпиша договори со Френки де Јонг (75 милиони евра), како и по еден милион за Кевин Принс Боатенг и Џејсон Муриљо. Претходно, како најголеми трансфер во историјата на клубот беа доведени Осман Дембеле (198 милиони евра) и Филип Кутињо (120 милиони евра).

 

- Оглас -

Најнови вести