Се поизвесно е дека Лионел Меси во новата сезона ќе го носи дресот на Манчестер сити. Англискиот тим не жали пари за да ја доведе легендата на Барселона. Аргентинецот пред неколку дена најави дека сигурно ќе си замине од „Камп Ноу“ и тоа беше знак да почне наддавањето на повеќе клубови кои имаат моќ да го купат Меси.
Манчестер сити дефинитивно е прв фаворит за добивање на потписот на Меси. Според пишувањата, премиерлигашот упатил понуда која е навистина примамлива за секој клуб, па Барселона ќе треба да размисли дали да ја одбие. Граѓаните се подготвени да платат 100 милиони евра, плус да дадат тројца играчи. На листата на фудбалери кои треба да заминат во Барселона се Бернардо Силва, Габриел Жезус и Ерик Гарсија.
Сите тројца играчи се докажани. Бернардо се проценува на 80 милиони евра, цената на Жезус е 56 милиони евра, додека Гарсија треба да вреди 16 милиони евра, според пресметките на Трансфермаркт.