Барселона продаде дополнителни 15% од ТВ-правата на компанијата „Сикст стрит“, која веќе поседува 10% од ТВ-правата.
Оваа компанија сега поседува четвртина од правата за пренос на натпревари на каталонскиот гигант, ќе ги има во наредните 25 години, а на Барселона веднаш ѝ се исплатени енормни 519 милиони евра кои клубот ќе може да ги користи за инвестиции.
Со оваа продажба Барса сега ќе може да ги регистрира последните две засилувања, Роберт Левандовски и Рафиња, без да го наруши финансискиот ферплеј, а и да доведе уште играчи доколку тоа е во план на клубот од „Камп ноу“.