Мартин Брајтвајт е нов напаѓач на Барселона, а шпанскиот шампион и официјално го претстави 28-годишниот играч како свој член.
Шпанскиот првак му плати на Леганес 18 милиони евра отштета за да го донесе данскиот репрезентативец, кој треба да биде замена за повредениот Луис Суарес и за Осман Дембеле.
Брајтвајт беше прв стрелец на Леганес со шест гола сезонава во Ла Лига и со таква стартна позиција и салдо во голови продолжува во Барселона.
https://twitter.com/FCBarcelona_es/status/1230436035919843328?s=20