1008 Вест хем – Арсенал (15 ч.)
Лондонско дерби во кое Арсенал нема право на кикс, барем ако сака да остане во трка за титулата. Топчиите влегоа во добра форма и имаат три победи по ред, додека Вест хем не знае за триумф во последните четири кола.
Головите не треба да изостанат на овој дуел. Чеканите имаат просек од преку три погодоци на нивните средби. Играат офанзивно, но често и примаат голови. На седум од последните 10 меѓусебни дуели било ГГ3+.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)
3735 Милан – Наполи (20:45 ч.)
Милан е без многу притисок затоа што е далеку од врвот, но е со 10 бода повеќе од четвртата Аталанта. Росонерите сезонава дома имаат осум победи во 11 средби и тоа е нивни адут. Во последниве 10 месеци против Наполи одиграа четири пати и имаат две победи и две нерешени.
Наполи беше инфериорен со Милан и во сезоната кога стана првак, па така и сега сигурно за нив ќе биде успех ако остане непоразен.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.94)
2906 Хофенхајм – Келн (17:30 ч.)
Хофенхајм веќе шест кола не може да се израдува на победа во првенството, па поради тоа тимот падна падна на средината од табелата. Келн е тим кој ќе се бори за опстанок сезонава, што значи дека домаќинот има добра шанса да се израдува на првиот успех во 2024 година.
На 10 од последните 12 средби на Хофенхајм има голови во мрежите на двата тима и тоа најчесто е тим кој негова офанзивна игра.
Предлог тип: 1&2-5 (2.25)
1469 Барселона – Гранада (21 ч.)
Ако сака Барселона да држи некаква тензија во трката за трофејот во Примера, мора да победува, посебно дома против вакви ривали. Гранада е во зоната за испаѓање, но интересно е дека каталонскиот гигант во последните пет меча нема победа во 90 минути со овој ривал (четири реми и еден пораз), но секогаш двата тима постигнувале барем по еден погодок.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)
1540 Спортинг – Брага (19 ч.)
Голем предизвик ќе биде ова за Спортинг кој со победа би се вратил на лидерското место на табелата во Португалија. Спортинг е перфектен на свој терен и има 10 победи во исто толку дуели.
Брага е тим кој е веднаш зад големата тројка и на гости има седум триумфи од 10 натпревари. Ова ќе биде дуел и на двата најефикасни напади, па јасно е дека може да се очеува отворена пресметка со повеќе погодоци.
Предлог тип: 1+ I & 2+ II (2.10)