Кога Нејмар си замина од Барселона, каталонскиот гигант мораше да реагира и да најде соодветна замена. На местото на Бразилецот беше донесен Усман Дембеле, тогаш тинејџер од Борусија Дормтунд кому му се предвидуваше блескава иднина. Крилниот напаѓач со Барселона потпиша договор од 12 и пол милиони евра по сезона, плус бонуси.
Иако се очекуваше да биде наследник на Нејмар, по две и пол сезони поминати на „Камп ноу“, јасно е дека Дембеле е далеку од тоа. Каталонскиот гигант вкупно за Дембеле има потрошено над 150 милиони евра, а играчот возврати само со 74 настапи, 19 голови и 17 асистенции. Премалку за играч кој вреди толку многу.
Една од главните причини поради кои бројките на Дембеле се „сиромашни“, се честите повреди на играчот. Само во последната година, Дембеле дури 10 пати бил повреден и морал да паузира. Пресметано е дека Дембеле откако е дојден во Барселона, па досега вкупно има пропуштено 350 денови поради разни повреди.
Освен што често е повреден, Дембеле покажа и недисциплина, па неколку пати се случуваше да задоцни или да го пропушти тренингот, а главна причина за тоа е што до доцна во ноќта знае да се заигра на „плејстејшн“, а потоа му е тешко да стане рано наутро.
За разлика од Дембеле, кој важеше за еден од најголемите таленти, но полека оди во заборав, во Барселона сè посилно започнува да блеска еден друг талент, Ансу Фати. Момчето кое е од академијата на Барселона на дуелот против Леванте даде два гола и со 17 години и 94 денови стана најмладиот фудбалер во 21 век во Примера што успеал да даде два гола на еден меч.
🎙️ @fgarriga:
🔊 “Avui Dembélé no ha pogut acabar l’entrenament. Fa 889 dies que és al Barça i n’ha passat gairebé 350 lesionat, una fragilitat que no ajuda que aquesta plantilla curta sigui més fàcil de gestionar”#ClubMitjanit pic.twitter.com/rIxy3tsEAT
— Club de la Mitjanit (@ClubMitjanit) February 3, 2020