7.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Барселона по 1.140 дена игра на „Камп ноу“ во Лигата на шампионите и губи на полувреме (Видео)

Барселона ги разочарува своите навивачи откако по првото полувреме губи со 0:1 од Ајнтрахт Франкфурт во меч од шестото коло во Лигата на шампионите. За Барселона ова е прв меч во ЛШ што се игра по пауза од 1.140 дена, но неочекувано е во заостанување од еден гол.

Каталонскиот гигант постојано напаѓаше, доминираше на теренот, но Ајнтрахт, во типичен германски стил, со дисциплинирана игра во одбраната, успеа да направи еден брз контранапад кој со гол го заврши Кнауф во 21-вата минута. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Во финишот на првото полувреме, Ајнтрахт имаше шанса и за втор гол, но, за среќа на домаќините, тоа не се случи, па останува во вториот дел фаворитот да се обиде да се спаси од пораз или да го сврти резултатот во своја корист.

На гости со 1:0 води и Челзи, и тоа на теренот во Бергамо против Аталанта. Жоао Педро погоди во 25-тата минута за радост на гостите.

Во дербито на вечервта, на „Џузепе Меаца“ нема голови по првото полувреме на дуелот Интер – Ливерпул.

Во останатите мечеви по првото полувреме кои се играат во моментов: Монако – Галатасарај 0:0, ПСВ Ајндховен – Атлетико Мадрид 1:1, Ројал Унион – Олимпик Марсеј 1:2 и Тотенхем – Славија Прага 1:0.

- Оглас -

Најнови вести