Барселона по пет месеци успеа да спои две победи по ред (видео)

Во четвртото гостување сезонава, Барселона стигна до првата победа. На теренот на Хетафе, каталонскиот гигант победи со 2:0. Актуелниот првак на Шпанија даде по еден гол во двете полувремиња и за прв пат по пет месеци стигна до две победи по ред.

Барселона немаше споено две радости во низа уште од 1 мај кога славеа против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампиони. Сега им успеа да слават против Вилјареал со 2:1 на „Камп Ноу“, а денес беа подобри и на гостувањето во Мадрид кај Хетафе.

Луис Суарес даде гол за водство пред крајот на првото полувреме, а интересно е што асистент на овој погодок е голманот на Барселона Марк тер Штеген. Германскиот чувар на мрежата е првиот голман на Барселона кој асистирал за погодок во Примера во 21 век.

Победата на Барселона ја потврди Жуниор со гол во 49 минута. Да биде успехот на Барселона уште поголем, победата е издвојувана без Лионел Меси во тимот. Во претходните 14 гостувања на кој Барселона играла без Меси, каталонците победиле само шест пати.

Во шпанското првенство вечерва се игра големото градско дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид.

https://www.youtube.com/watch?v=79BmL3EGXA0&feature=youtu.be

- Оглас -

Најнови вести