Головите на Рафиња и Феран Торес во првите 25 минути од мечот и на Ламин Јамал во 94-та минута беа доволни за Барселона да победи со 3-0 на гостувањето кај Мајорка и успешно да ја почне одбраната на титулата во Ла Лига.
Првото полувреме беше со многу контроверзи, Барса вториот гол го даде додека играч на Мајорка лежеше на трева, а потоа двајца домашни играчи беа исклучени, но не и Рафиња кој направи груб фаул и мина само со жолт картон.
И пред 23 години се случи двајца играчи на Мајорка да добијат црвени картони во прво полувреме.
Историјата вели дека во Барса не треба да бидат среќни што сезоната ја почнаа на островот. Досега во историјата на Ла Лига, тим кој во првото коло гостувал кај Мајорка, никогаш не бил шампион во таа сезона. Тоа се случило во 15 сезони, а и минатата сезона се повтори малерот, тогаш во првото коло Мајорка го пречека Реал Мадрид кој истотака тогаш ја бранеше титулата.
Барса има серија од 19 меча по ред без пораз против Мајорка, на 33 меча по ред даваат гол против овој тим, а деби за каталонскиот гигант имаа Рашфорд (втор Англичанец што заиграл за Барселона), Жоан Гарсија (67-ми во историјата што во лигашки мечеви играл и за Барса и за Еспањол) и младиот Жофре Торентс.
QPDO EL ÁRBITRO
Alguien me puede explicar este robo… primera jornada de La Liga y el barca ya empezó en fin… si un jugador está en el piso se debería de parar el juego por PROTOCOLO DE CONMOCIÓN. Que asco da el arbitraje en España! #Barca #MallorcaBarça pic.twitter.com/yn39YLx8n0— Doc Sanchez (@Doc_sanchezz) August 16, 2025