Барселона победи, навивачите си најдоа виновник за Меси, па му испеаја и песна (Видео)

Барселона го победи Хетафе со 2:1 во меч од третото коло во шпанската Ла Лига, а навивачите му пееја песна на Пари Сен Жермен со погрдна содржина.

Не можат да ја заборават својата фудбалска икона Лионел Меси, кој си замина по цели две децении минати во Барселона и се пресели во клубот од Париз како слободен играч ова лето.

https://twitter.com/FlorentTorchut/status/1431998455703089152?s=20

Барселона поведе со голот на Серхи Роберто во втората минута по одлична акција.

 

Потоа израмни Хетафе по прекрасната акција во 19. минута, што ја круниса Сандро Рамирес на асистенција на Алења.

Барса победи со уште еден убав гол на мечот, а го постигна Мемфис Депај во 30. минута.

https://twitter.com/BarcaWorld01/status/1432005242674163719?s=20

- Оглас -

Најнови вести