Барселона победи, но многу тикети „изгореа“ поради неефикасноста на каталонците

Тикет со десет меча за само еден гол не беше перфектен за добивка од преку 500 евра со само 100 вложени денари. Уплатен во Куманово, на тикетот има мечеви од европските силни лиги, а радоста за добивка ја скрати Барселона, иако каталонскиот гигант победи со 1:0 против Селта Виго.

На тикетот, дуелот на „Камп Ноу“ беше одигран дека домаќинот ќе даде барем еден гол во првото и еден гол во второто полувреме. Барселона на полувреме водеше со 1:0, а тој резултат остана и на крајот, што значи дека промашувањето е тоа што фаворитот не погоди пред своите навивачи во вторите 45 минути.

Од останатите мечеви, погодени беа победите на Манчестер јунајтед кај Евертон, Ница – Троја (3:2), Монца – Специја (2:0), Кремонезе – Наполи (1:4), Ројал Унион – Серкл Бриж (2:1), Фенербахче – Карагумрук (5:4) и Вождовац – Партизан (0:4). На голови беа погодени мечевите Кристал Палас – Лидс 3+ (2:1) и Рома – Лече (2:1).

- Оглас -

Најнови вести