Барселона се израдува на јубилејната 20 победа сезонава во Примера дивисион, откако минимално со 1:0 славеше над Валенсија на „Камп Ноу“. По 24 одиграни меча, каталонскиот гигант сега има 62 бодови, дури 10 повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид, кој вечерва ќе гостува кај Бетис.
Бразилецот Рафиња беше стрелец на единствениот гол и тоа по само 15 минути игра.
Во продолжение на средбата, домаќините продолжија да напаѓаат, имаа голема шанса за втор погодок, но Феран Торес промаши пенал во 55 минута. Само четири минути подоцна, директен црвен картон доби Роналд Араухо, па фаворитот повеќе од половина час беше си играч помалку.
Валенсија која е претпоследна на табелата, во 95 минута го упати единствениот удар во рамките на голот на Барселона, што само покажува за инфериорноста на гостите кои со овој пораз остануваат со 23 бодови, два помалку од Алмерија, Севилја и Хетафе, кои исто така се во голема опасност.