Барселона почна со распродажбата, еден трансфер е договорен, а уште три мора да се реализираат до крајот на месецот

Шпанскиот шампион Барселона мора да продаде неколку фудбалери до крајот на месецов за да ги избегне проблемите со финансискиот фер-плеј, и денеска го договори првиот трансфер.

Клемен Ленгле идната недела и официјално ќе стане фудбалер на Тотенхем. Иако Барселона бараше 20 милиони евра за Ленгле, ја прифати понудата на Тотенхем од 12 милиони евра бидејќи со тој потег ќе заштеди дополнителни 18 милиони евра.

Новиот менаџер на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, даде зелено светло за реализација на трансферот кој ќе биде комплетиран во текот на наредната недела.

Барселона до крајот на месецот ќе мора да продаде уште тројца фудбалери, а тоа се очекува да бидат Ансу Фати, Франк Кеси и Феран Торес.

- Оглас -

Најнови вести