Барселона забележа уште една значајна победа во битката за титулата, откако на домашен терен славеше против каталонскиот ривал, Жирона, со 4-1. „Каталонците“ се убедливо најефикасната екипа во Европа, барем во оние лиги кои нешто значат во светот на фудбалот, а Ханси Флик од синоќа е и клупски рекордер.
Барселона под водство на Германецот оваа сезона има постигнати 139 гола на 45 меча, а на 35 од нив успеаја да постигнат по најмалку четири погодоци. Ваков ефект немал ниту еден тренер во историјата на „каталонците“.
No team in Barcelona’s had scored 139 goals in 45 matches…
…until Hansi Flick arrived — scoring than 4 goals in 35 of those matches. pic.twitter.com/JDEKzDH6cM
— Managing Barça (@ManagingBarca) March 30, 2025
На девет кола пред крајот на Ла Лига, Барселона има три бода предност пред Реал Мадрид и шест повеќе од Атлетико. „Каталонците“ следниот меч повторно го играат на домашен терен, кога на „монжуик“ го пречекуваат Бетис, но претходно треба да го одиграат и реваншот против Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија.