Барселона подготвена да ги претстави новите дресови, изгледаат одлично (Фото)

По повеќе од три месеци пауза, шпанскиот првак Барселона вечерва повторно ќе биде на теренот. Шампионот кој ќе се обиде да го одбрани тронот во Примера дивисион, гостува кај Мајорка, а дуелот се игра од 22 часот, секако со можност за типување во Sport Life.

По досега одиграните 27 кола, Барселона е лидер со 58 бодови, два повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид. Ако сезоната течеше нормално, ова ќе беше период во кој ќе се знаеше новиот првак в Шпанија, а клубовите веќе ќе ги започнуваа подготовките за новата сезона.

Токму затоа, еден дел од плановите на каталонскиот гигант нема да биде пролонгиран, туку ќе тече според замисленото уште пред појавата на Коронавирусот. Од Барселона најавија дека на 3 јули и официјално ќе ги промовира новите дресови, а веќе на 8 јули кога ќе бидат домаќини на Еспањол во градското дерби, шампионот ќе истрча во новата колекција на дресови кои добија преодна оценка од навивачите.

 

- Оглас -

Најнови вести