Барселона подготви 100 милиони евра за нов напаѓач, Ханси Флик не сака ниту да слушне

Раководството на Барселона налето планира да се засили со нов напаѓач, а за таа цел имаат подготвено сума од 100 милиони евра. Како опција се споменуваат Алварес од Атлетико Мадрид, Нуњес од Ливерпул и Исак од Њукасл, но ваквиот трансфер е стопиран од страна на Ханси Флик.

Германскиот тренер не сака ниту да слушне да се потрошат толку пари за напаѓач кој би му бил конкуренција на Роберт Левандовски, за кого смета дека сè уште има што да каже и да покаже на фудбалските терени. Флик се согласува дека треба да биде доведен уште еден напаѓач, но не на начинот на којшто тоа го планира раководството на клубот.

Планот на Германецот е да се доведе млад фудбалер, кој би бил многу поевтина варијанта, но и опција на подолг период. Новиот напаѓач во прво време би му бил резерва на полскиот репрезентативец за да може да се вклопи во екипата и да се прилагоди на стилот на игра, а дури потоа и да биде прва опција во нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести