Барселона подготви нов договор, Левандовски треба да одлучи дали ќе остане во Каталонија

Договорот на Барселона со Роберт Левандовски завршува на крајот од тековнава сезона, но медиумите во Шпанија известуваат дека раководството на Каталонците веќе има подготвено нов договор за полскиот репрезентативец за следните две сезони, со можност за уште една плус.

Левандовски веќе има 36 години, па доколку се одлучи да го прифати договорот, во Каталонија ќе остане најмалку до 38-годишна возраст. Полскиот интернационалец оваа сезона веќе има постигнато 20 гола на 18 натпревари во сите натпреварувања, а за целиот период во Барселона погоди 79-пати.

Според шпанските медиуми, продолжувањето на договорот ќе биде само формалност.

- Оглас -

Најнови вести