8.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Барселона подготвува изненадување за Меси, но Аргентинецот не сака ниту да го види Лапорта!

Летото 2026 година се планира спектакуларно отворање на реконструираниот „Камп Ноу“ во Барселона, а претседателот на клубот, Жоан Лапорта, веќе им „дошепнал“ на некои шпански медиуми дека сака тој настан да биде и официјално збогум на Лионел Меси од дресот на „каталонците“.

Аргентинецот си замина од Барселона на болен и недостоинствен начин, па сега Лапорта сака да му се оддложи, но официјално се уште не е разговарано со Лионел Меси. Аргентинецот требаше да биде дел и од прославата по повод 125 години од формирањето на клубот, но и тогаш не се појави, а според информациите не бил ниту поканет.

Јасно е дека Меси и Лапорта не се во добри односи поради се што се случуваше кога Аргентинецот го напушти клубот, а од тогаш воопшто и не комуницираат, па останува неизвесно дали Аргентинецот воопшто би прифатил да биде дел од ваков настан, дури и ако биде поканет.

- Оглас -

Најнови вести