Една од примарните задачи на Барселона во летниот преоден рок е да успее да најде клуб за Бразилецот Филипе Кутињо. Поставената цена од 120 милиони евра е превисока и тешко дека некој ќе се согласи да ја плати, па во каталонскиот гигант се подготвени и за размена.
Во шпанските медуми започнаа шпекулации дека е можно да дојде до размена меѓу Кутињо и Н’голо Канте од Челзи. Францускиот репрезентативец е клучен играч, и Зинедин Зидан сака да го доведе во Реал, па Барселона може да го употреби Кутињо за да ги расипе плановите на Кралскиот клуб, но и да се „спаси“ од Кутињо.
Кутињо сезонава играше како позајмен играч во Баерн Минхен и на 32 меча даде девет голови, а имаше и осум асистенции, што воопшто не е лоша статистика. Сепак, германскиот првак потенцираше дека нема шанси да го откупи договорот на Кутињо и дека тој е прескап за можностите на баварскиот гигант.
📰 [MD | Kanté Option
🔶 Coutinho’s desire to go to Chelsea opens the possibility of a swap-deal to Barça
🔷 The Frenchman, on Madrid’s radar, gives the profile of the physical midfielder that the club is pursuing pic.twitter.com/3RTxeM0HEM
— BarçaTimes (@BarcaTimes) April 14, 2020