Барселона поради Коронавирусот досега загуби 140 милиони евра

Шпанскиот првак Барселона во изминативе два месеци загуби 140 милиони евра како последица од корона-вирусот. Поради опасниот вирус, шпанското првенство е прекинато, а тоа носи големи загуби за еден од најголемите клубови во светот.

Потпретседателот на Барселона, Жорди Кардинер, откри дека клубот загуби 50 милиони евра поради тоа што не продава билети за мечевите и билети за посета на музејот на клубот, потоа следуваат 40 милиони евра кои требаше да ги добие од телевизиските права, како и по 20-25 милиони евра од потенцијалните продажби на сувенири, дресови и останати производи од клупската продавница, како и приходите од фудбалските школи.

„Тоа е пресметката која ја имаме досега. Овие милиони ќе направат големи загуби до крајот на годината“, открива Кардинер.

Неодамна Барселона објави дека за првпат во историјата даде дозвола за закупување на правото за користење на името на стадионот „Камп ноу“. Првично се размислуваше да се продадат правата само за една сезона, но сега планот е правото за името на стадионот да биде даден на 25 години.

До прекинот на првенството во Примера дивисион, Барселона беше лидер на табелата со 58 бодови, два повеќе од најголемиот ривал Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести