Барселона по два месеца се врати на врвот на Ла Лига, спорно поништен гол на Рајо (Видео)

Барселона го победи Рајо Ваљекано со 1-0 и по два месеца повторно е на прво место во шпанската Ла Лига. Каталонците имаат еднаков број бодови со Реал Мадрид, но подобра гол-разлика.

Стрелец на голот беше Роберт Левандовски од пенал. За Полјакот ова беше 20-ти погодок сезонава.

Ова беше 100-ти меч во кариерата на младата ѕвезда Ламин Јамал, кој во јули ќе наполни 18 години.

За Барса ова е коло од соништата бидејќи тие се единствен тим од првите пет на табелата кој победи, сите нивни ривали киксираа.

Рајо имаше серија од 13 меча по ред на кои даваше гол, но вечерва таа низа заврши благодарение и на судиите. Мадридскиот тим даде гол за 1-1, но беше поништен затоа што Нтека се активирал од офсајд-позиција и го блокирал Ињиго Мартинес со што му овозможил на својот соиграч чиста позиција.

Ова е поништениот гол на Рајо кој предизвика полемики:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести