Атлетико Мадрид се наоѓа пред потпис со големиот белгиски суперталент Артур Вермерен, за кого сериозен интерес пројавуваше и Барселона.
Младиот фудбалер денеска слетал на аеродромот во Мадрид „Барахас“ за да стави потпис на договорот со Атлетико“, пишува „Марка“.
https://twitter.com/i/status/1750477666254278751
Според „Марка“, сумата која Јорганџиите ќе ја платат изнесува 25 милиони евра, а оваа сума не можеше да ја плати Барселона, која исто така пројавуваше голем интерес за младиот Белгиец.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1750572489715929342
Според весникот, денеска треба да се финализира и договорот меѓу шпанскиот тим и фудбалерот, а тоа го потврди и новинарот кој е експерт за трансфери, Фабрицио Романо.
Вермерен има 18 години и настапува за белгискиот шампион Антверпен, а веќе има и два настапи за сениорската репрезентација на Белгија.