Барселона правдата ќе ја бара на суд: Лапорта го тужи Фудбалскиот сојуз на Шпанија

Не стивнуваат реакциите во Шпанија после вечното дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона, кое „кралевите“ го добија со 3-2, но од каталонскиот табор сметаат дека се оштетени за непризнат гол на Ламине Јамал при резултат 1-1.

ВАР-собата одлучи дека нема гол, а дури потоа излезе разговорот во кој судиите велат дека немаат добра снимка, со оглед на тоа дека во Шпанија не се користи гол-технологија.

Барселона официјално побара од Фудбалскиот сојуз на Шпанија да им бидат доставени снимките и разговорот, но нивното барање беше одбиено, па сега раководството на „каталонците“ најавува тужба до судот против Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Тие бараат да им бидат доставени сите материјали и доколку се утврди дека судиите погрешиле, мечот да се преигра.

- Оглас -

Најнови вести