Шпански медиуми објавија дека пред почетокот на сезонава во шпанската лига, кога дошло на ред да се гласа за воведување на технологијата на гол-линија и полуавтоматски офсајд, „за“ бил само Реал Мадрид, а подоцна му се приклучил Атлетик Билбао, но сите други 18 прволигаши, како и сите второлигаши, гласале против.
Првиот човек на лигата, Хавиер Тебас, не сакал да плати околу 4 милиони евра, воведувањето на технологијата требало да биде на трошок на клубовите, па големото мнозинство било против.
Интересно е дека сите најголеми клубови во Шпанија веќе ја имаат инсталирано опремата со која се гледа дали топката целосно ја минала гол-линијата, но таа се користи само за мечевите од европските купови.