Во јуни 2023 година еден од најголемите клубови во светот, Барселона, реши да започне со реновирање на својот дом, „Камп Ноу“. Беше одлучено легендарниот стадион да добие нов изглед, да се модернизира и да се следи чекорот со најмодерните стадиони во светот.
Багерите едноставно го разрушија цел стадион, а потоа започна реновирањето на најголемиот фудбалски стадион во Европа. Ова е трет пат да биде реновиран „Камп Ноу“, по „освежувањата“ кои ги имаше во 1982 година и 1994 година.
Додека траат градежните работи на „Камп Ноу“, Барселона своите мечеви како домаќин ги игра на уште еден легендарен стадион, а тоа е „Монжуик“, кој е поранешен дом на Еспањол.
Според плановите и изјавите на претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, новиот дом на Барселона треба да биде готов до крајот на оваа година.