Барселона против Алавес направи шест измени, Гави се чувствува добро (Видео)

Барселона дојде до тешка победа од 1-0 на мечот против Алавес со голот на Роберт Левандовски во 61-вата минута и така ја намали предноста на Реал Мадрид на четири бода. Сепак, она што го привлече вниманието се шесте измени кои ги направија Каталонците.

Првата од нив беше уште во 14-тата минута, кога Гави беше заменет со Фермин Лопес откако доби удар во главата. Според правилата, ако се работи за повреда на главата, таа измена не се смета, па затоа Ханси Флик потоа можеше да ги направи сите пет измени кои регуларно му следуваат.

Од видеото во продолжение може најдобро да се види целата ситуација и разговорот на фудбалерот со докторот. Гави по ударот кој го доби воопшто не знаеше кој ден е, па поради конфузниот одговор беше заменет.

Барселона и официјално соопшти дека по направените анализи, Гави се чувствува добро и се наоѓа во својот дом.

„Во текот на натпреварот против Алавес, Гави доби повреда на главата без губиток на свест. Наодите се нормални и тој е пуштен дома“, се вели во соопштението на Каталонците.

 

- Оглас -

Најнови вести