Барселона против денешниот ривал има девет победи во низа во кои постигна 33 гола, одлична квота за сигурна комбинација

Барселона е елиминирана од европските купови, откако загуби од Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во Лигата на Европа, па сега само домашните натпреварувања се во фокусот на каталонскиот гигант. Тимот на Чави Ернандес е лидер во Примера дивисион и има седум бода повеќе од Реал Мадрид, со можност оваа предност да стане и двоцифрена, доколку Барселона денеска слави на гостувањето кај Алмерија.

Традицијата вели дека Алмерија е еден од омилените ривали на Барселона, па во последните девет меѓусебни дуели, Каталонците имаат исто толку победи и тоа со неверојатна гол разлика од 33 дадени и само три примени гола. Од сите тие победи, највпечатлива е таа во ноември 2010 година кога Барселона како гостин победи со 8:0.

Во една ваква ситуација, ако се следи традицијата, како „подарок“ тип би било да се одигра „двојка“ во меч на кој ќе има барем три погодоци. Во Sport Life, оваа комбинација од 2&3+ е со коефициент 1.98. Точно два е квотата за победа на Барселона во меч на кој ќе има 2-5 погодоци. Тука има и други интересни комбинации кои може да се искористат на мечот кој е најигран во Sport Life.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести