Сега е дефинитивно, Ханси Флик нема да биде во клупата на Барселона за време на гостувањето кај Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ в недела.
Административниот трибунал за спорт ја отфрли жалбата поднесена од клубот, кој бараше да се поништи казната изречена на германскиот тренер откако Апелациониот комитет ја потврди одлуката на Дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација.
Флик ќе мора да ја отслужи суспензијата од еден меч, па на Ел Класико, Барса од клупата ќе ја води Маркус Сорг. Германецот кој му е асистент на Флик, ќе дејствува како главен тренер и ќе донесува одлуки на теренот, а ќе се појави и на утрешната прес-конференција пред тимот да отпатува за Мадрид.

