Барселона против Севилја ќе игра без Меси и Суарес?

Барселона конечно покажа дека влегува во форма, откако спои три победи во низа. Каталонскиот гигант ги победи Вилјареал и Хетафе во првенството, а потоа против Интер, со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 2:1. Вечерва на „Камп Ноу“ се очекува уште еден неизвесен меч, бидејќи гостин е опасниот тим на Севилја.

Иако се работи за едно дерби, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде размислува да одмори некој од најголемите ѕвезди. Дилемата е дали мечот да започне без Лионел Меси или Луис Суарес меѓу стартерите, иако двајцата се подготвени за настап.

„Секако дека двајцата се подготвени. Тоа го докажаа и против Интер. Денеска ќе одлучам дали двајцата ќе бидат стартери или само еден од нив, а вториот да влезе како резерва. Двајцата сезонава се мачат со повреди, но колку повеќе играат толку полесно ќе се вратат во форма“, вели Валверде.

Барселона има пет бода заостанување зад Реал Мадрид и ако сака да остане блиску до најголемиот ривал до трката за титулата, вечерва мора да победи пред своите навивачи.

 

- Оглас -

Најнови вести