Миленици на судиите или добиваат пенали поради офанзивниот стил на игра? Оваа дилема секогаш ќе постои кај љубителите на фудбалот, во зависност од тоа за кого навиваат.
Барселона вечерва стана прв клуб во историјата на Лигата на шампионите со 50 изведени пенали. Сезонава на сите досегашни четири меча судиите ги наградуваа Каталонците со пенал. На претходните мечеви реализатор беше Лионел Меси, а вечерва Меси го немаше во Киев, па шутираше и погоди Мартин Брајтвајт.
На вечната листа на тимови со најмногу изведени пенали во елитното европско преварување, во Топ 5 се Барселона со 50, Реал Мадрид со 48, Баерн Минхен со 46, Манчестер јунајтед со 33 и Арсенал со 30.