28.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Барселона прв пат во историјата прави ваков подвиг против Реал Мадрид

За помалку од 90 дена, Барселона сезонава втор пат убедливо го победува Реал Мадрид. Откако каталонскиот гигант победи со 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“ на 26 октомври во првенството, сега следуваше ново шоу увојпат со уште повеќе голови и освоен трофеј за Барселона.

Тимот предводен од тренерот Ханси Флик го победи Кралскиот клуб со 5:2 во финалето на Суперкупот на Шпанија, на дуел кој се играше во Џеда, Саудиска Арабија.

Повеќе од 120 години трае ривалството меѓу Барселона и Реал Мадрид, а сега прв пат се случува каталонскиот гигант на два меча по ред успева да постигне барем четири погодоци во Ел Класико.

Вакво нешто последен пат е видено на најголемото дерби во светот во далечната 1963 година. Тогаш Реал Мадрид победи прво со 5:1, а потоа и со 4:0.

- Оглас -

Најнови вести