Барселона прв тим во историјата со 17 свои играчи на еден Мундијал!

Дополнителниот повик на Алехандро Балде во шпанската репрезентација, придонесе Барселона да влезе во историјата како прв тим кој ќе има дури 17 свои играчи на едно Светско првенство.

Според списоците кои ги дадоа селекторите, до неодамна се чинеше дека Баерн Минхен ќе биде тим со најмногу свои играчи, но повредите на Сенегалецот Мане и Шпанецот Гаја на чие место беше повикан Балде, ја сменија ситуацијата, па сега Барса испиша историја.

Инаку, левиот бек Балде уште нема дебитирано за Црвената фурија, и својот прв меч во шпанскиот дрес може да го има на СП, нешто што не е видено 20 години.

Барселона и на Мундијалите во 1998 и 2010 година имаше најмногу свои претставници, тогаш по 13-мина.

- Оглас -

Најнови вести