Барселона „пукна петарда“ против Бетис, по заминувањето на Меси прв пат каталоците дадоа гол од слободен удар

Барселона убедливо со 5:0 го победи Бетис во меч од петото коло во Примера дивисион. Со оваа победа, каталонскиот гигант се искачи на првото место на табелата со 13 бодови, но доколку Реал Мадрид победи против Реал Сосиедад, Кралевите ќе бидат лидери.

Жоао Феликс во првиот меч во дресот на Барселона постигна гол за 1:0 во 25 минута, а на крајот од дуелот беше прогласен за најдобар на теренот. Роберт Левандовски погоди во 32 минута за 2:0, а во второто полувреме погодуваа Феран Торес, Рафиња и Жоао Кансело.

Од сите погодоци, посебно интересен беше тој на Торес, кој погоди директно од слободен удар. Ова беше прв гол од слободен удар за Барселона во првенството, по речиси две и пол години пауза. Последен пат гол имаше постигнато Лионел Меси во мај 2021 година.

 

- Оглас -

Најнови вести