Барселона одигра фантастичен меч против Валенсија и победи со убедливи 7-1, иако можеше да има и многу повеќе голови во мрежата на гостите. Победникот беше решен уште после само 15-тина минути игра, откако Барселона веќе дојде до водство од 3-0 со головите на Френки де Јонг, Феран Торес и Рафиња.
До крајот на првиот дел, „каталонците“ постигнаа уште два гола, кои беа дело на Фермин Лопес. Во вториот дел, најпрво Валенсија намали на 5-1 преку Хуго Дуро, а потоа следуваше гол на Левандовски. Конечниот резултат го постави Цезар Тареха со автогол во 75-тата минута.
Валенсија последен пат прими седум гола на првенствен натпревар во далечната 1955 година од Алавес, додека Барселона оваа сезона вторпат успева да постигне седум гола, откако претходно го декласираше и Ваљадолид со 7-0.
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, дебаклот на неговата екипа го гледаше од клупата за резервни фудбалери, додека неговиот клупски колега, Мамардашвили, беше совладан седумпати од 11 удари кои одеа во рамките на неговиот гол.