11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Барселона размислува да потпише репрезентативец на Косово

Барселона размислува идното лето да го потпише напаѓачот на Хофенхајм, 23-годишниот Фисник Аслани.

Според познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг, скаутите на каталонскиот клуб внимателно го следат најдобриот стрелец на германскиот тим и ја дознале висината на клаузулата за ослободување.

Аслани, кој е роден во Берлин, а игра за репрезентацијата на Косово и пред летири дена го даде победничкиот гол на гости против Шведска во квалификациите за СП 2026, пред некој ден изјави дека сонува еден ден да игра за Каталонците.

Сезонава Аслани на шест натпревари во Бундеслигата има постигнато четири гола.

- Оглас -

Најнови вести