Сагата околу репрезентативецот на Шпанија и фудбалер на Барселона, Гави, конечно е завршена. Од каталонскиот гигант успеаја да го регистрираат неговиот професионален договор во Ла Лига и тој сега и официјално е професионален првотимец.
Младиот 18-годишен фудбалер беше на големи искушенија откако Ла Лига го одби неговиот професионален договор зимата, а потоа следуваа богати понуди од Челзи и Манчестер сити. Сепак, тренерот на Барселона, Чави, ја имаше клучната улога и го убеди фудбалерот да остане на „Камп ноу“.
Интересно, откупната клаузула во договорот е неверојатни една милијарди евра.