Поради реконструкцијата на „Камп ноу“, Барселона своите натпревари ги игра на Олимпискиот стадион „Монжуик“, кој има речиси двојно помал капацитет, но и тоа не беше пречка на мечот против Реал Мадрид да биде остварен рекорден приход.
Според шпанските медиуми, Каталонците само од еден меч заработија неверојатни 13,8 милиони евра, што е клупски рекорд. Никогаш претходно, дури и кога играа на „Камп ноу“, Барселона не заработила поголема сума само од еден натпревар, и тоа од активности поврзани само со тој меч, како што се: продажба на влезници, сувенири, храна и пијалоци.
Колку за илустрација, обичните билети за Ел Класико достигнуваа цена и од 1.250 евра, додека ВИП влезниците се продаваа и за 6.500 евра.