29.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Барселона сака да го купи бекот кој го повреди Азар

Барселона е во потрага по десен бек, а најнова цел на Каталонците е Томас Мение. Белгиецот е член на Борусија Дортмунд, а за да го убедат бундеслигашот да им го продаде Мение, од Барса го понудиле Сержињо Дест.

Тренерот на Барселона, Чави, посакуваше во својот тим да го има Сесар Аспиликуета, но капитенот на Челзи остана во Лондон. Дест не е по вкусот на Чави и затоа клубот сака да купи друг десен бек.

Мение има 30 години, а додека играше за ПСЖ, на меч против Реал Мадрид го повреди Еден Азар и оттогаш Азар никако не може да се врати во старата форма.

- Оглас -

Најнови вести