29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Барселона сака да го купи Хари Кејн како замена за Левандовски

Каталонскиот гигант Барселона размислува за Хари Кејн како за идеално решение и наследник на Роберт Левандовски, пренесува „Ел Насионал“. Каталонците веќе бараат нов голгетер за наредната сезона, а капитенот на Англија се наоѓа на врвот на нивната листа на желби.

Договорот на Левандовски со клубот истекува на крајот од сезоната и раководството се подготвува за иднина без 37-годишниот Полјак. Според медиумите, Кејн, кој има 32 години, е приоритетна цел за Барса, особено затоа што неговата откупна цена се смета за прифатлива.

Баерн Минхен, наводно, би прифатил понуда од околу 50 милиони евра за напаѓачот, а следното лето неговата вредност уште повеќе ќе падне, бидејќи ќе му остане само една година од актуелниот договор.

Откако пристигна во Баерн Минхен, Кејн има извонредна статистика со 91 гол и 28 асистенции на 100 одиграни натпревари во сите натпреварувања. Тој конечно стигна и до првите трофеи во неговата кариера.

- Оглас -

Најнови вести