20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Барселона сака да го продолжи договорот со Левандовски

Роберт Левандовски наскоро ќе седне на преговарачка маса со челниците на Барселона за продолжување на договорот, пишува каталонскиот „Спорт“.

Полјакот на „Камп ноу“ пристигна минатото лето од Баерн Минхен и потпиша договор до 2026 година, но челниците на Барселона сакаат тој да го продолжи договорот на уште една година.

„Барселона по никоја цена не сака Левандовски да си замине како слободен играч. Фудбалерот е среќен во Барселона, вложи многу напор за да дојде тука. Најверојатно ќе се разговара за продолжување на договорот на една година, но последниот збор ќе го има Левандовски. Овој потег на Барселона е со цел ги одврати екипите од Саудиска Арабија“, пишува весникот „Спорт“.

Според весникот, управата на Барселона исто така планира наскоро да започне преговори за продолжување на договорот и со холандскиот репрезентативец Френки де Јонг.

- Оглас -

Најнови вести