6.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Барселона сака да купи португалски дефанзивец, но во игра е и за Гехи од Кристал палас

Барселона следното лето планира да менува не само во офанзивата, туку и во дефанзивата. Кога се работи за одбранбената линија, прв на списокот со желби е дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонсало Инасио.

Тој има договор со „лавовите“ од Лисабон до 2027 година, па Барселона планира да го купи за сума помала од 60 милиони евра, колку што очекуваат Португалците. Сепак, доколку Инасио потпише нов договор, тогаш и откупната клаузула би пораснала на 80 милиони евра, сума која „каталонците“ не можат да ја платат.

Од актуелниот шампион на Шпанија има интерес и за Марк Гехи, дефанзивецот на Кристал палас, кој налето ќе биде слободен агент, но конкуренцијата е голема, а во Каталонија не се сигурно дека Англичанецот ќе ги одбере токму нив.

- Оглас -

Најнови вести