Барселона само што го донесе Гундоган, а тој размислува за заминување

Шпанскиот шампион Барселона минатата недела го донесе најголемото засилување за следната сезона, Илкај Гундоган од Манчестер сити, но постои можност Германецот воопшто да не заигра за каталонскиот тим.

Имено, Гундоган е свесен за можните проблеми кои Барселона ги има со финансискиот ферплеј, па во договорот инсистирал да се вметне неверојатна клаузула, пишува „Атлетик“.

Според клаузулата, Гундоган има право бесплатно да го напушти клубот доколку до крајот на летото не биде регистриран.

За да може да го регистрира, Барселона во летниот преоден рок мора да продаде неколку фудбалери и на трансфер-листата ги стави Феран Торес, Ансу Фати и Франк Кеси.

- Оглас -

Најнови вести